Бошковски: Суперлигата ќе биде еден голем предизик

Голден Арт КЛ7 оваа сезона за прв пат ќе дебитира во ракометната Суперлига. Како дебитант во ова натпреварување тренерот Андон Бошковски на располагање ќе ја има и најмладата екипа оваа сезона во Суперлига.

Почетокот на сезоната е закажан за 12/13 септември, а Голден Ат КЛ7 се најдоа во група А заедно со Јуниор Кисела Вода, Астраион, Пролет 62, Радовиш, Охрид и Струга.

– Ние сме дебитанти во Суперлигата и сме аусајдери во однос на Охрид, Пролет, Струга и Радовиш. Но нашата цел е да тренираме добро, да пробаме да го подигнеме квалитетот едно ниво погоре на овие наши млади играчи. Ова е млада екипа за која Суперлигата ќе биде еден голем предизик, екипа која знам дека ќе се потруди да се претстави во едно подобро светло, изјави тренерот на Голден Арт КЛ7.

Спортскиот директор на Голден Арт КЛ7, Милчо Чакарески пак вели дека како нова екипа во Суперлигата, најмалку од се ги интересирало составот на групите и дека во секој натпревар ќе бидат аутсајдери.

– Нас не интересира исклучиво нашиот напредок, самата екипа е така составена од дваесетгодишни репрезентативци во кадетска и младинска конкуренција. Во секој натпревар ќе бидеме аутсајдери. Премногу ќе ни фалат натпреварите од плеј офот во Првата лига, тоа искуство на играчите кои им беше одземено поради новостанатата ситуација во светски размери со вирусот Ковид 19. Ќе се трудиме максимално да напредуваме на секој тренинг, на крај се надеваме дека ќе ги оправдаме очекувањата на македонската ракометна јавност како нов клуб на сцената и максимално ќе придонесеме за развојот на македонскиот ракомет преку напредок и производство на македонски репрезентативци, изјави Чакарески.

Треба да знаете
Последни објави