Противпожарната служба во Загреб синоќа морала да интервенира околу 40 пати, откако силно невреме проследено со град ја погодило хрватската престолнина. Граѓаните на Загреб сеуште не ги сумирале и санирале штетите од невремето кое ги зафати во петокот, новит бран на обилни врнежи, силен ветер и грмотевици за кусо време синоќа по улиците направи хаос. Сообраќајниците биле преполни преполни со вода од која страдаале и подруми, дворови…
Дождот синоќа за само десетина минути го отежанл сообраќајот, а во поедини делови од градот паѓале и искршени дрва. Според последните информации од невремето нема повредени луѓе.