На тешката борба на глумицата со свирепата болест не и се гледа крајот: „Ужасно се плашам, но не ја губам надежта дека на крај сепак ќе победам!“

Ѕвездата од најпопуларната серија од 90-тите години се бори за нејзиниот живот, а веста што таа неодамна ја доби – не е охрабрувачка …
Шенон Доерти е најпозната на публиката од нашиот регион со нејзината улога во американската серија „Беверли Хилс“, една од најпопуларните серии од таа деценија! Иако таа глумеше во други серии и филмови пред и после тоа,со популарност се здоби како убавата тинејџерка Бренда Волш.
Актерката со години има сериозни здравствени проблеми, а сето тоа започна уште во 2015. година, кога и беше дијагностициран карцином на дојка.


Напорите на лекарите да ја излечат без мастектомија или агресивни третмани не беа успешни затоа што карциномот се прошири на лимфните јазли. Како резултат, актерката поминала бројни третмани и терапии, вклучувајќи мастектомија, хемотерапија, зрачење и операција. Во 2018. година беше објавено дека е излечена. Ракот се повлекол по агресивните третмани и нејзините наоди беа „чисти“.
Таа беше мирна извесно време, но ракот се врати пред околу една година. Информацијата дека Шенон има карцином во четвртата фаза првично се чуваше во тајност, а актерката зборуваше за тоа јавно само на почетокот на оваа година.

https://www.instagram.com/p/B9unH38BIaL/

Преземено од Екран

Треба да знаете
Последни објави