Од полноќ стапи во сила сеопфатното примирје во Доњецк и Луганск

Од полноќ стапи во сила сеопфатниот прекин на огнот во Доњецк и Луганск, соопшти утринава украинското претседателство.

Примирјето стапи во сила откако пропаднаа околу дваесет претходни обиди за прекин на огнот меѓу двете страни, јавуваат агенциите.

Москва и Киев претходно месецов го прифатија прекинот на огнот, што е предуслов за натамошните преговори според мировниот договор во Минск од 2015 година.

Во судирите во двата украински региони од 2014 година се убиени повеќе од 13.000 лица. Русија тогаш изврши анексија на Крим и проруските сили во источна Украина, познат како Донбас, се кренаа против Киев.

Русија во неколку наврати ги негираше информациите за директно учество во конфликтот.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во пресрет на примријето вчера телефонски разговораше со рускиот претседател Владимир Путин и ги поздрави напорите за решавање на конфликтот меѓу украинските и проруските сили.

Треба да знаете
Последни објави