Ванеса Брајант го прифати популарниот женски предизвик на Инстаграм.
38-годишната вдовица на Коби Брајант во неделата објави црно бел портрет од рамената нагоре, придружувајќи се на мотивацискиот предизвик на социјалната мрежа.
Ванеса беспрекорна во црно бело. „Предизвикот е прифатен. Ви благодарам што ме номиниравте,“ напиша таа. „Да се сакаме“, додаде на крајот на објавата.
Виралниот тренд “Жени помагаат жени“ го прифати и нејзината пријателка Кјара која неодамна го роди своето трето дете, и сопругата на Кевин Харт, Енико Харт, која во моментот е бремена со своето второ дете.