Американскиот претседателот Доналд Трамп, нема да го направи првото церемонијално фрлање на топката на стадионот „Јенки” во Њујорк на 15 август кога е планиран мечoт меѓу „Њујорк јенкис” и „Бостон ред сокс”.
Поради короноавирусот, мечот ќе се одигра пред празен стадион.
Фрлањето на бејзбол топката на стадионот на „Јенкис” во Њујорк е дел од спортската традиција во САД на која досега учествуваа најверојатно сите повоени претседатели.
Како што синоќа напиша Трамп на Твитер, „зголеменото внимание” кон коронавирусот, вакцината и економијата го натерало да ја смени одлуката.
-Ќе го направиме тоа подоцна во оваа сезона, напиша тој.
На брифингот во Белата куќа во четвртокот, Трамп изјави дека на мечот меѓу „Јенкис” и „Ред сокс”од Главната бејзбол лига (МБЛ), тој ќе присуствува за да го направи првото префрлање.
МБЛ почна мината недела и сите натпревари се играат пред празни стадиони.
Претседателот се обидува да се претстави пред избирачите дека е сериозен околу вирусот, со тоа што, по неколку неделна пауза во јуни и јули, почна редово да се појавува на прес брифинзи, и со тоа што го откажа одржувањето на настаните по повод конгресот на Републикнската партија кои требаше да се одржат во Џексонвил, Флорида.
Моментално, Флорида е еден од неколкуте жаришта на епидемијата во САД.