Шармантната Александра Заева, ќерката на Зоран Заев, во последно време се повеќе го привлекува вниманието, како на медиумите, така и на јавноста, благодарение на социјалните мрежи.
Таа само на Инстаграм има речиси 30.000 следбеници и како и секој млад човек постојано сака да објавува интересни фотографии поврзани со убавина, мода или патување.
Под нејзините фотографии можеме да прочитаме коментари на воодушевување од тоа како изгледа, но и од нејзините модни комбинации. Таа негува женствен, тренди и елегантен стил, и без разлика дали е во шорцеви или вечерен фустан, таа секогаш изгледа стокмено од глава до пети.
Таа деновиве објави нова фотографија со преубава шминка и фризура, и најави дека и овој пат го следи светскиот тренд за фризури ова лето. Кратката степенаста коса е хит насекаде во светот, а и на Александра прекрасно и прилега.
Младата струмичанка својата убавина ја наследи од својата мајка, а на нејзиниот шарм никој не е рамнодушен.
Тоа можеме да го видиме и од овие фотографии на кои Александра изгледа како некој модел од модните магазини.
Преземено од Скопје24