Хрватска евидентира 24 новозаболени лица од коронавирусот и тројца починати

Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска евидентира 24 новозаболени лица со коронавирусот. Бројот на активни случаи изнесува 807, а во изминатото деноноќие починале три лица.

Од активните случаи 138 пациенти се на болничко лекување, од кои 9 на респираторна машина.

Од 25 февруари кога е регистриран првиот случај на заболен од коронавирус во Хрватска до денеска регистирани се вкупно 4.881 од кои починале 139, а се излекувале 3.936 лица. Во самоизолација моментално се наоѓаат 3.112 лица.

 

 

Треба да знаете
Последни објави