Членови на Кризниот штаб Кавадарци на јавни места ќе апелираат да се почитуваат мерките за заштита

Членовите на Кризен штаб Кавадарци и вработени во Општина Кавадарци,  вечер од 21 до 23 часот ќе ги посетат локалите, угостителските објекти, јавни површини, паркови и други места на кои има поголеми собирања, ќе поделат флаери  за превенција од КОВИД-18 и ќе упатат апел за почитување на мерките за заштита.

Ова е само еден  од заклучоците од 12-тиот состанок  на Штабот за заштита и спасување на општина Кавадарци. Како што информираше градоначалникот Митко Јанчев на прес-конференција, како и досега, така и понатаму ќе се врши дезинфекција на јавните површини и на отворените и затворените делови од угостителските објекти.

Од почетокот на пандемијата досега, во општината се заразени 47 лица од вирусот. Во моментов активни се 28, излекувани се 18 и починато е едно лице, странски државјанин. Во изминатите 48 часа се регистрирани речиси 30 отсто од вкупниот број заболени.

Треба да знаете
Последни објави