Белград ги менува имињата на улиците со топоними од поранешната СФРЈ, а „Кумановска“ останува

Градските власти во српската престолнина Белград планираат да ги сменат имињата на улиците кои носат топоними од поранешната СФРЈ. Така во историјата треба да бидат испратени имињата на улиците Сараевска, Мостарска, Хрватска, Поречка, Мариборска, Мурска, Зеничка, Боснска… ама не и Кумановска.

Новите имиња ќе бидат според имињата на луѓето заслужни за српската историја велат од градските власти, кои додават:

-Во Белград како главен град на поранешната заедничка држава СФРЈ нормално било да има имиња на улици и споменици од сите краеви на државата, но не е нормално во поранешните републики да нема ниту една улица која го носела името Белградска, освен во Подгорица и Скопје.

Како пренесуваат медиумите кај северниот сосед нема да биде сменето и името на улицата Кумановска, бидејќи овој град е сведоштво за битка на српските херојски подвизи.

 

Треба да знаете
Последни објави