Маж нападнал со нож четири лица во центарот на Братислава

Четири лица се повредени во напад со нож што се случил утрово во Братислава, соопшти денеска портпаролот на службата за вонредни ситуации Алена Крчова.

Меѓу повредените е и еден тинејџер, а како што соопшти полицијата, напаѓачот е уапсен.

Жртвите се пренесени во болница во Братислава и никој не е во сериозна состојба, додаде Крчова.

Универзитетската болница соопшти дека примила три лица со сериозни повреди и дека веднаш биле оперирани, но никој не бил во опасност по живот.

Тинејџерот бил пренесен во детска болница.

Треба да знаете
Последни објави