Мас: Не сметајте на подобри односи со САД, ако Трамп ги изгуби изборите

Односите помеѓу Берлин и Вашингтон нема автоматски да се подобрат доколку Доналд Трамп изгуби на престојните претседателски избори, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

– Оние во Европа, кои мислат дека се ќе се смени во Белата куќа би требало да се подготват на фактот дека дури и во тој случај, оти односите нема да бидат релаксирани како некогаш, истакна Мас за „Рајнише пост”, додавајќи оти американската надворешна и безбедносна политика не е смената само од доаѓањето на Трамп на власт.

Мас наведе дека Берлин работи на тоа трансатлантслките односи да имаат иднина без оглед на разликите во мислењата.

– Видовме дека комуникацијата е отежната и оти Белата куќа носи одлуки без претходен разговор со партнерите во Европа. Но, нас ни се потребни САД во иднина. И обратно. САД остануваат наш најважен партнер надвор од Европа, потенцира Мас.

Тој запрашан за обидите на Трамп да ја врати Русија во Г-7 истакна дека е против тоа поради анексијата на Крим и судирите во Источна Украина.

– Додека не најдеме решение нема шанси тоа да се случи. Самата Русија може најмногу да придонесе за повторно отворање на таа врата, истаклна Мас.

Треба да знаете
Последни објави