„Мицубиши” прекинува со испораката на нови модели во Европа

Јапонската компанија „Мицубиши моторс” реши да ја замрзне испораката на своите модели за европскиот пазар. Продажбата и услугите, сепак, ќе продолжат, како што вели објава на нивната официјална интернет-страница.

Компанијата има загуби во второто тримесечје на 2020 година (1 април – 30 јуни), во вредност од 176 милијарди јени (околу 1,6 милијарди долари). Според познавачите, тоа се должи на намалените продажби поради коронавирусот.

Претходно „Мицубиши моторс” ја објави одлуката за затворање на својата компанија-ќерка „Паџеро Манјуфакчуринг” во префектурата Гифу. Запирањето на погонот, што на паљзарот нуди 63.000 автомобили годишно, е планирано за првата половина на 2021 година.

„Мицубиши” во 2016 година стана дел од когломератот „Нисан-Ренаулт”, со цел да ги зголеми продажбите на светскиот пазар, што сепак, не се случи. Сега овој бренд планира нов среднорочен план за развој, кој предвидува скратување на производствените расходи за 935 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави