Дебата „Долгогодишното труење на гостиварчани  од ѓубриштето Русино”

„Долгогодишното труење на гостиварчани  од ѓубриштето Русино” е тема на денешната дебата што ќе се одржи во амфитеатарот на кејот на река Вардар, во организација на Општина Гостивар. Како што најавија од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино чист воздух за Гостивар”, на дебатата ќе присуствуваат градоначалникот на општина Гостивар, претставници на Центарот за развој на полошкиот плански регион, Министерство за животна средина и просторно планирање, како и претставници од ЕАЕР СЕКО –Швајцарија. На дебатата „Стоп Русино”, информираат, ќе се објави и датумот на почетокот на десетдневната блокада на Русино.

Треба да знаете
Последни објави