Донација од дронови и термална камера од УНДП за потребите на град Скопје

Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП), за потребите на Град Скопје, донира два дрона од кои еден со надградба и една термална камера. Донираната опрема, која е во вредност од 1.619.345,00 денари, ќе биде користена за реализација на предвидените активности кои се опфатени во Проектот за урбана отпорност на Град Скопје, како и во рамки на работните обврски на  Секторот за инспекторат. Промањето на донацијата од Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП) денеска ќе биде дел од дневниот ред за кој ќе расправа Советот на Град Скопје, во рамките на својата 53-та седница.

Покрај оваа донација, Советот на град Скопје на денешната седница ќе расправа и за Одлуката за примање донација од ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО. Со оваа одлука, Градот Скопје прима донација – Физибилити сообраќајна студија за паркирање на подрачјето на Град Скопје со централно градско подрачје со технички број ПД _103_07/19.

Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за Програмата за дополнување на Програмата за управување со отпад на подрачјето на град Скопје за 2020 година, а ќе расправа и за поголем број одлуки, меѓу кои за Одлуката за aвелирање на меница издадена од ЈП Комунална хигиена – Скопје, заради долгорочно кредитно задолжување на претпријатието во Комерцијална банка АД Скопје; Одлуката за давање дозвола за вршење на дејност паркирање на “ТИНЕКС МТ ДООЕЛ експорт импорт Скопје“; Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година, за четврт С 15. Покрај овие одлуки, Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за поголем број точки поврзани со работата на градските јавни претпријатија, каде што ќе расправа за Одлуката за давање согласност на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП Скопје, Скопје, за период јануари-март 2020 година; како и за полугодишниот извештај за работата на ЈП Лајка.

 

Треба да знаете
Последни објави