Комисијата за заразни болести одговори на барањето на Кризниот штаб на Општина Свети Николе да го направи подостапно земањето брисови за граѓаните на оваа општина и на соседната општина Лозово. За таа намена, ќе се користи надворешен објект во близина на подрачната единица на ЦЈЗ Велес – Свети Николе со посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти.
Контролните прегледи ќе се закажуваат од ЦЈЗ Велес од страна на докторите, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар.
Главна цел на отворањето на мобилниот пункт е да се овозможи побрзо тестирање на лицата што биле позитивни на Ковид-19, а кои веќе подолг период се во изолација поради неможноста да патуваат во другите градови. Со тоа ќе се намали и бројот на активните случаи во градот.