Утрово по инициран налог од Генералниот секретаријат биле префрлени 32 милиони денари кон банките за прифатените приговори. Како што информираше министерката за финансии, Нина Ангеловска, во текот на денешниот и утрешниот ден, банките ги стават на располагање на домашните платежни картички на граѓаните.
Од разгледаните 46.000 приговори, 9.200 беа прифатени од кои: 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и 2.700 вработени лица со низок доход.
Со денешната префрлена сума од прифатените приговори вкупно се исплатени 28.3 милиони евра.
Заклучно 25-ти јули беа издадени над 300.000 картички во износ од 26 милиони евра, од кои 20 милиони евра потрошени за купување домашни производи и услуги.
Со картичките се направени 1.5 милиони трансакции до 25-ти јули.