Црвен крст на град Скопје, со поддршка на град Скопје ќе започне со теренски активности во насока на справување со најавени топлински бранови. Согласно искуствата од претходните години, мобилните екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе патролираат низ градот Скопје и тоа во централното градско подрачје како и поголемите автобуски постојки каде ќе дистрибуират вода. Во среда (29.07), четврток (30.07) и петок (31.07) мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10:00-16:00 часот. За активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 12 волонтери распоредени во 4 тима со 4 возила. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.
Со оние активности ќе се вклучиме во делот заштита на здравјето на граѓаните од нашиот град, со
посебен акцент на превентивните активности и теренска активност на обучени волонтери од Тимот за одгoвор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје почитувајќи ги препоракиоте за заштита од ковид19 во овој период.