Чаир на тендер ќе бара компанија која ќе ја урива дивоградбата кај „Мавровка“

Општина Чаир распишала тендер за уривање на дивоградбата пред трговскиот центар ,,Мавровка“, објави ТВ21.

„Работни активности за уривање на дивоградби“ е насловот на тендерот вреден повеќе од еден милион денари што го распиша општина Чаир. Од општината појаснуваат дека се работи за тендер за избор на компанија за уривање на илегалниот објект изграден на терасата на кафулето „Фонтана“ кај ТЦ Мавровка, но избраната компанија ќе се користи за уривање и на други дивоградби.

Со оглед на тоа што сопственикот на објектот „Фонтана“ не го почитува решението за уривање, општината ќе треба тоа да го направи тоа преку избор на компанија на тендер.

За сега никој од надлежните не знае кој е сопственикот на овој објект. МВР работи на обезбедување на сите докази и се преземаат активности за утврдување на идентитетот на вршителот на ова дело. Во текот на постапката, Обвинителството ќе ги издаде сите наредби и барања кои се потребни за обезбедување докази и утврдување на идентитетот на оној што ја изгради дивоградбата.

Доколку непознатиот инвеститор сам го урне објектот кој е дивоградба своеволно и во рокот предвиден од 8 дена, општината нема да има потреба да го поништи тендерот.

Треба да знаете
Последни објави