Германската полиција трага во градина во близина на Хановер, уште од утрото, објави обвинителството на Брауншвајг, како што објавија од Скај и Еуроњус.
„Потрагата е поврзана со нашата истрага за исчезнувањето на Медлин Меккан, изјави портпаролката Јулија Мејер за АФП.
Медлин Меккан исчезна на 3 мај 2007 година на тригодишна возраст од стан во португалското одморалиште Праја да Луз. Канцеларијата на јавниот правобранител и федералната полиција потврдија за локалните медиуми дека истрагата е поврзана со случајот Меккан.
Неколку дрвја се ископани утрово. На терен е полицијата и форензичари. Помал багер се користи за копање на земјата.
Германската полиција неодамна повторно отвори истрага за случајот, откако 43-годишниот Германец Кристијан Брукнер е осомничен за исчезнување на девојчето. Тој моментно издржува казна затвор за трговија со дрога и чека пресуда за силување 72-годишен пензионерка.
German police conducted a search on the outskirts of Hanover in connection with the 2007 disappearance of Madeleine McCann, local media reports
(📷Maik Niemtschke via Storyful) pic.twitter.com/WwghbqGR89
— Bloomberg Quicktake (@Quicktake) July 28, 2020