Во поплавите во Бангладеш загинаа најмалку 41 човек

Повеќе од 4,8 милиони луѓе се погодени од поплавите предизвикани од монсунските дождови во Бангладеш.

Центарот за предвидување и предупредување од поплави во Бангладеш предупреди дека ситуацијата може да се влоши, бидејќи во следните денови можно е зголемување на нивото на реките во централните области околу Дака.

Поради поплавите над еден милион луѓе од крајот на јуни ги напуштија своите домови, а најмалку 41 човек загинаа, од кои 31 дете. Најголем број од загинатите се удавиле во надојдената вода.

Во 1988 година две-третини од површината на Бангладеш беше поплавена, додека сега 31 од вкупно 64 административни окрузи се под вода.

Надојдената вода предизвика и голема материјална штета што дополнително ја влошува ситуацијата со епидемијата на новиот коронавирус. Во Бангладеш инфицирани 229.185 лица од кои 3.000 луѓе починаа од последици од Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави