Во младоста Анџелина Џоли била исто убава, но многу мрачна. Нејзин другар откри детали за неа и објави невидени фотки од нејзините тинејџерски денови.
Во британските медиуми осамнаа никогаш досега видени фотографии и писма од Анџелина Џоли. Сега наградуваната актерка, некогаш била дива тинејџерка од Беверли Хилс.
Џоли пишувала за своите мамурлаци, мажите што ја привлекувале и нејзиното дисфункционално семејство во писмата и разгледниците што им ги праќала на своите пријатели во тинејџерските години.
Изворот на овие фотографии и писма е личност со која Џоли одела во училиште во Калифорнија. Тој за неа вели дека била диво дете, пиела алкохол, пушела марихуана и експериментирала и со други работи.
Но, вели дека отсекогаш имала големо срце и била дарежлива. Секогаш им позајмувала пари на пријателите и им давала на бездомниците…
Преземено од Црнобело