Во јули неочекувано опадна довербата кај француските потрошувачи како последица на повторниот раст на бројот на заболени од Ковид-19, што влијаеше стравот од невработеност да остане на високо ниво и луѓето се повеќе да чувствуваат дека животниот стандард им се намалува, покажа месечното истражување на агенцијата за статистика INSEE.
Според денешниот извештај на INSEE, индексот на потрошувачкото расположение во јули опадна на 94 поени од ревидираното ниво во јуни од 96 поени, потфрлувајќи во однос на просечната прогноза на економистите за очекуван раст на 99 поени.
Довербата на потрошувачите прво се намали кога владата воведе најригорозни мерки за затворање на Франција во Европа заради коронавирусот, но таа се поправи кон средината на мај откако рестриктивните мерки беа олеснети.
Повторниот пад на довербата кај потрошувачите во јули е резултат на зголемувањето на новите инфекции од Ковид-19, што ја натера Франција и некои други земји во Европа да воведат нови ограничувања. На 20 јули, Франција воведе задолжително носење маски во затворени јавни простори.
Истражувањето ИНСЕЕ покажа дека се намалил бројот на домаќинства кои веруваат дека нивниот животен стандард се подобрил во последните 12 месеци, што е трет последователен месечен пад.
Загриженоста на домаќинствата за невработеноста е малаку намалена, но, сепак, останува голема, откако во јуни го достигна својот седумгодишен максимум.
Владата во Париз предвидува пад на нејизната економија за 11 проценти годинава, што ќе стави во ризик дури 800.000 работни места, пренесуваат британските медиуми.