Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитенот на повеќкратниот хрватски шампион Димано Загреб, Аријан Адеми го напушта Максимир и од следната сезона ќе го носи дресот на унгарски Ференцварош. Веста со изненадување е примена во Хрватска, од каде нема ниту потврда, ниту демант за овој трансфер што го најавуват унгарските медиуми.
Адеми е во завршни преговори со Ференцварош каде претходно настапуваше. Претседателот на Ференцварош најави дека во клубот доаѓа големо засилување, а медиумите открија дека станува збор за Адеми.