Деновиве, Општина Бутел го заврши асфалтирањето на шест улици во населените места Радишани и Визбегово.
Станува збор за следниве 4 улици во Радишани: крак на ,,Радишанска,, лево покрај реката Серава во должина од 190 м.; Крак на улицата ,,60,, во должина од 170м.; Крак на улицата ,,50,, во должина од 150 м. и крак на улицата ,,56,, во должина од 110 м. Во Визбегово завршени се улиците: 2/5 во должина од 350 м. и улицата 3/2 во должина од 230 м.
Со оваа летна градежна активност на Општина Бутел асфалтирани се 6 улици со вкупна должина од над 1 200 м.
Изведувач на работите е фирмата ,,Гама Градба,, од Скопје.
Средствата во висина од 5 000 000 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.