Епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија, Предраг Кон изјави дека Белград е темпирана бомба кога станува збор за коронавирусот и дека така ќе остане се додека трае оваа битка. Според него кривата со новоинфицирани луѓе во Србија почнува да се спушта, но станува збор за минимални поместувања на бројките.
-Трендот на намалување трае веќе две недели, но тоа е толку незабележително што не се осмелуваме да зборуваме дека почна надолниот тренд – вели Кон.
Според Кон надолниот правец на кривата со новоинфицирани не значи и трајно намалување.
-И кога ќе се симне на на минимум неможеме да кажеме дека епидемијата престанал. Голем проблем е тоа што кога граѓаните на Белград ќе слушната вакви позитивни информации веднаш се опуштаат, почнуваат да се однесуваат како се да е поминато. Моја работа е да им објаснам на луѓето дека тоа не смее да ни се случува. имавме едно опуштање и еве до каде не доведе – вели Кон.
Според него не е исклучен можноста повторно да има рестриктивни мерки, но тие ќе можата да се воведат само ако биде прогласена вонредна состојба.
-Никогаш не сем имале вакви рестриктивни мерки. Во нашата историја никогаш не се користени заштитни маски за да се прекине пренесувањето на вирусот. Имаме ситауција во која се одлучивме дека нема да имаме рестрективни мерки. Сега е јасно дека нема сезонски коронавирус. тој константно е присутен и може да се пренесува. Немаме друг избор туку заеднички да се бориме – вели Кон за српските медиуми и открива дека се размислува дури и за враќање на мерката 14-дневен карантин за оние кои влегуваат во Србија.