Милановиќ: Собранието треба да ги одобрува одлуките на кризниот штаб

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ смета дека одлуките на Штабот за заразни болести, кого тој неодамна го опиша како парауставно тело, треба да бидат одобрени од Парламентот, бидејќи Собранието е над штабот.

Милановиќ во Вела Лука рече дека се залага постојните одлуки на штабот, кои се донесуваат и „кои му се наметнуваат на народот”, да бидат одобрени со одлука на Собранието.

– Парламентот е над штабот. Штабот всушност е ништо, рече Милановиќ.

Според него, Владата не воведува автократија, но „постои нешто со се нарекува узурпирање на туѓите права”.

Треба да знаете
Последни објави