Старите членови на ВМРО-ДПМНЕ од Бутел се револтирани поради резултатите од парламентарните избори, најслаби на партијата од нејзиното формирање, а незадоволството го насочуваат и кон првиот човек на Општинскиот комитет, Дарко Костовски.
На социјалните мрежи Костовски се критикува поради големиот пораз на локалните избори, по кои партијата наместо да се подобри, и понатаму губи гласови што според нив, се должи на неговата поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Други му забележуваат дека инертниот однос се должи на фактот што неговиот теквондо клуб, како и децата кои членуват во него добиваат финансиска помош од оптината, а други не добиваат.