ЈП Водовод и канализација – Скопје, во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје, почнувајќи од 17.06.2020 ја спроведе акцијата за наплата на долговите на рати без камата за задоцнета уплата. Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, е со определен временски рок и завршува на 31.07.2020.
Досега 370 корисници ја искористија можноста за склучување на договори за исплата на долговите на рати без камата. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е околу 24.000.000 денари.
Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката преставува да важи.
Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:
- 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
- 02 3240 300, Дирекција
- kontakt@vodovod-skopje.com.mk
- vodovod-skopje.com.mk
- wwfacebook.com/jpvodovod.skopje