Во БиХ евидентирани рекордни 363 лица инфицирани за еден ден со коронавирусот

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина,  евидентирани се 363 лица инфицирани од коронавирусот од направени 1.669 тестови, што е рекорден број од појавата на пандемијата. Починати се осум лица, а  212  се излекувале.

Од почетокот на пандемијата тестирани биле 135.730 лица, а корона вирусот бил потврден во 11.109 случаеви. Вкупно 314 лица починале , а оздравиле 5.423.

Бројот на активни случаеви е 5.327.

Треба да знаете
Последни објави