Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ, преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, исто така ја демантираше веста на дневниот весник на албански јазик “Коха” според која СДСМ и ДУИ наводно веќе се договориле за формирање нова влада, а го наметнуваат и концептот на “ротирачки премиер” кој наводно бил договорен.
Груби сите досегашни контакти ги оценува како пријателски и иницијални и во целост ја демантира информацијата дека е постигнат каков било договор.
“Почитувани,
ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги развива со вклучување и известување на граѓаните.
Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено.
Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани.
Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните” – напиша Груби.
ФБ статус на Артан Груби