Асфалтирање на кракот на кракот од улицата ,,3,, до новопроектираното училиште во Визбегово

Во вторникот, 28.07.2020 г. Општина Бутел го почна асфалтирањето на кракот од улицата ,,3,, до новопроектираното училиште во Визбегово. Ќе бидат асфалтирани 310 м. или 1500 м2 со оглед на фактот дека улицата на неколку места ќе биде со различна широчина. Изведувач на градежните работи е фирмата ,,Гив Груп,, од Скопје, а средствата во висина од 1 909 000 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел. Важно е да напоменеме дека претходно на улицата беше поставена вововодна и канализациона мрежа во должина од по 426 м.

Изведувач на овие градежни работи беше фирмата ,,Ќану- Компани од Скопје, а Општина Бутел од буџетот издвои: за водоводната мрежа 2 785 385 ден. додека за канализационата мрежа 2 473 980 ден. Со оваа инвестиција на Општина Бутел во вкупна вредност од 7 168 365 ден. колку што чини комплетната изградба на оваа улица што води до новопроектираното основно училиште во Визбегово, создадени се сите услови да почне неговата изградба од страна на МОН.###

 

 

Треба да знаете
Последни објави