Во Словенија 24 нови случаи на коронавирус и двајца починати

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 24 нови случаи на коронавирус, врз основа на 879 тестирани примероци, а починале уште две лица, според новите владини податоци.

Хоспитализирани се 22 лица, од кои пет се на интензивна нега, пренесува САТ.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се потврдени 2.139 случаи на коронавирус, а 119 лица починале.

Треба да знаете
Последни објави