Кој е „Шиши“ за кого велат дека ја контролира бугарската влада?

Делјан Пеевски е моќен бизнисмен, медиумски магнат и пратеник од бугарското опозициско Движење за права и слобода (ДПС). Во деловната и политичката сцена, Пеевски сега е во центарот на политичките обвинувања што го наведоа премиерот Бојко Борисов да го реконструира својот кабинет во минатата недела пишува „Радио Слободна Европа“

По двенеделни антивладини протести и тврдења дека владејачката партија ГЕРБ е контролирана од зад сцената од Пеевски и ДПС, Борисов на 23 јули објави дека ги заменува неговите министри за внатрешни работи, економија, финансии и туризам.

Два дена порано, владата на Борисов преживеа гласање за недоверба во парламентот, побарано од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), во врска со серијата скандали за корупција.Регионалните координатори на ГЕРБ пред гласањето објавија дека побарале Борисов да ги замени министрите за внатрешни работи, економија и финансии.

Во изјавата на 15 јули од партијата ГЕРБ се вели дека смените се неопходни за да се „отстранат инсинуациите дека ГЕРБ и тројцата министри се директно контролирани од страна на ДПС и Пеевски“.

Претседателот Румен Радев, кој е поддржан од БСП, обвини дека „мафија“ ги контролира владата на Борисов и политизираното судство во земјата.

Кој е „Шиши“?

Борисов целосно ги отфрла тврдењата на претседателот. Но, на 16 јули премиерот го користеше прекарот „Шиши“ за да ја идентификува клучната фигура во обвинувањата за контрола на ДПС.

Борисов исто така посочи дека претходната влада на коалицијата БСП-ДПС била под контрола на „Шиши“.

На прашањето на „Радио Слободна Европа“ да ги разјасни овие забелешки, од кабинетот на Борисов е наведено дека тој мислел на „господинот Пеевски“.

Шиши“ потекнува од бугарскиот збор за „голем стомак“, а прекарот се користи на бугарските социјални медиуми за Пеевски.

Но, забелешките на Борисов беа прв пат бугарски лидер да го изговори прекарот во јавна изјава.

Христо Иванов, лидер на ривалската опозициска коалиција Демократска Бугарија, обвинува дека некои од министрите на Борисов и обвинители се избрани од Пеевски и неговата партија.

Според Иванов, Пеевски извршил притисок врз владата предводена од ГЕРБ за назначување на неговиот избор за министри, како и на обвинители меѓу кои и на главниот обвинител Иван Гешев.

Треба да знаете
Последни објави