Едно лице загина, а 17 се повредени во експлозија во ресторан во јапонскиот град Коријама во префектурата Фукушима.
Според наводите, се верува дека причина за експлозијата во станбената област е истекување на гас, соопштија противпожарните служби.
Ресторанот се реновирал и требало да се отвори утре, пренесува „Кјодо“.
https://twitter.com/PorterMedium/status/1288705738655891458
Снимките објавени на телевизија покажуваат дека по експлозијата, останала само конструкцијата на зградата во која се наоѓал ресторанот.
Експлозијата ја оштетила и блиската банка во која се повредени двајца вработени