Златев: За правдата и за Македонија можете слободно да ме ставите во затвор

Уредникот на „Лидер“, Љупчо Златев се огласи на Фејсбук по најавата на Основното јавно обвинителство за обвинение дека оддавал службена тајна.

Јас објавив дека само поради тоа што еден татко одел на протести против промената на името, синот изгубил безбедносен сертификат и поради тоа изгубил можност да работи во Агенцијата за национална безбедност. Оваа конструкција на УБК е класичен удар кон политичките слободи на граѓаните, огромен ЈАВЕН ИНТЕРЕС и поради тоа ги објавив документите кои ми ги достави свиркач. Доколку сега добијам слични документи, без да размислувам ќе ги објавам!!! Делото можам да го повторам веднаш, бидејќи слободата и демократијата ми се поважни од било која уредба!

https://www.facebook.com/lzlatev/posts/3508067145893390

Независно дали злосторникот Заев ќе ми ги прати насилниците на неговиот партнер Сашо Мијалков или ќе ми ги прати обвинителите – јас за она во што верувам подготвен сум ако е потребно и да стојам сам. Правдата ќе ја барам, ако треба и до Стразбур, ако треба и од затвор ќе се борам против ова тоталитарно зло! Секоја борба, ако е единствено само за правда, правдина, права и вистина е оправдана. Затоа и жртвите се оправдани. Знај, ако си на страна на вистината, без задни намери – венецот ќе го добиеш, напиша Златев.

Треба да знаете
Последни објави