Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер Сити го договори орвиот трансфе во своите редови, а тоа е играчот од одбраната Натан Аке, холандскиот интернационалец од редовите на Борнмут. Двата клуба денеска се договорија околу обештетувањето. „Граѓаните“ за Аке ќе платат 41.000.000 фунти што е околу 45.000.000 евра.
Аке има 25 години и притигнува во Манчестер откако Борнмут испадна од Премиер лигата. Преговорите започнаа уште пред крајот на сезоната кога Сити прво постигна договор со играчот, а потоа прејде на преговори со Борнмут.
Холандскиот дефанзивец во Борнмут дојде пред три години од Челзи за 20 милиони фунти и стана еден од најдобрите играчи во тимот. Пред тоа половина сезона играше како позајмен играч во Борнмут и така го убеди клубот од југот на Англија да го купи. Челзи го доведе како суперталентиран тинејџер од Фејнорд и го калеше на позајмици во Рединг, Вотфорд и веќе споменатиот Борнмут. Во Челзи никогаш не доби вистинска шанса освен половина сезона кај Антонио Конте кога одигра неколку меча, но без важна улога.