Не два, туку 10 милиони евра украле газдите од државните пари за минималец за работниците

Не два туку десет милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари за работниците,  тврдат за „Телма“ владини извори.

Се сумираат бројките и списокот со имињата на компаниите, кои денеска треба јавно да се објават. А меѓу нив има и еден медиум. УЈП првично објави дека 4.500 компании злоупотребиле над 2  милиони евра, но податоците до кои дојде Телма покажуваат дека расте и сумата, но и бројот на компании кои чии газди државните пари за исплата на минималец за работниците си ги ставале во џеб.

А по бурните реакции во јавноста Генералниот секретаријат ќе бара од Обвинителството кривично да ги гони газдите. Па така покрај тоа што ќе ги вратат парите за плати кои ги зедоа од државата и тоа со камати, ќе заработат и парични казни, а може да завршат и во затвор од 1 до 10 години.

Треба да знаете
Последни објави