Никој не е безбеден од новата болест – Украинец по третпат заболел од коронавирус

Жител на Тернопољската област во Украина по третпат заболел од коронавирус, соопшти началникот на Одделението за здравство на локалната администрација. „ Постои заболен, кој веќе третпат заболува од коронавирус. Мораме да сфатиме дека дури и оние кои го прележале вирусот не се безбедни и не значи дека нема пак да бидат заболени“ рекол тој.

Во Украина досега, според податоците на Министерството за здравство, регистрирани се 67.597 случаи на инфекција на вирусот, а од последиците починале 1.650 луѓе.

Оздравеле 37.394 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави