Новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаху е позитивен на коронавирус.
Тој преку Фејсбук ја информираше јавноста дека е позитивен на новиот вирус Ковид-19.
-Имајќи ја одговорноста кон моето семејство, моите соработници, како и кон сите граѓани и верници, одлучив да направам тест за Ковид-19, кој што излезе позитивен.Моментално, се е нормално без никаков проблематичен симптом. Ги почитувам медицинските препораки и сум во домашна самоизолација, пишува во својата објава Фетаху.
https://www.facebook.com/ShaqirFetahuOfficial/posts/1204605223251049
Инаку, ИВЗ вчера соопшти дека поради коронвирусот, нема да се одржи традиционалната манифестација по повод Курбан Бајрам и ги повика верниците да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат препораките на здравствените работници.