Села: Албанскиот јазик треба да стои како албански во Уставот, само така ќе градиме една држава

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска одржа прес конференција на која говореше за неодамнешните избори.

-Единствен контакт кој го имам деновиве е оној со Собранието околу конситутивната седница на Парламентот,  одговори Села за тоа со кого повеќе контактира околу формирањето на идната Влада, дали со лидерот на СДСМ Зоран Заев или со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој информацијата за ротирачки премиер при што ДУИ би добиле една година премиерско место смета дека е пораз и тогаш барањето на ДУИ за премиер било лажно предизборно ветување.

-Ние веруваме во демократија. ДУИ е легален субјект по овие избори, но не и легитимен. Врз основа на тоа тие имаат право да преговараат за влез во Влада. Мртвите треба да се почитуваат, а не на нивно име да се гласа. ДУИ низ целата кампања имаше само едно ветување- Албанец премиер. Ние за тоа не се противевме, но, ако не успеат, треба сами да си одат во опозиција. Проблемот е што ние 30 години сме немале премиер, туку сме имале премиер Македонец. Ние сметаме дека тој треба да е праведен за сите граѓани, за цела етничка заедница, а не само за одреден дел од населението. Албанскиот јазик треба да стои како албански во Уставот. Само тогаш ќе докажеме дека градиме една држава за сите, истакна Села.

Треба да знаете
Последни објави