(Фото) Џипот на Дујмиќ паднал на гранки, десет метри над бездна, тој се уште во кома

Познатиот композитор и фронтмен на групата Нови Фосили, Рајко Дујмиќ се уште е во кома по вчерашната сообраќајка во која со својот џип „фолксваген тигуан“ излетал од патот во Горски Котар.

Според полицијата, славниот музичар поради неприлагодена брзина излетал од коловозот по  излезот од остар лев свиок што се искачува по угорница, а потоа со џипот собрал камено ѕидче и дрво слива, на чии гранки застанало возилото околу пет метри под патот, десетина метри над бездната.

Јутарњи објави видео од местото на несреќата и фотографии од возилото.

 

Треба да знаете
Последни објави