Членовите и раководството на Заедницата на Хрватите посетија цркви и локалитети во државава

Членовите и раководството на Заедницата на Хрватите во Македонија минатата недела посетија македонски културни и историски знаменитости во рамки на проектот „Запознавање со културната ризница на Република Северна Македонија”, што го поддржа и Министерството за култура, а го објави меѓународната програма на ХРТ, мрежната станица „Гласот на Хрватска”.

Се посочува дека тие посетиле неколку историско значајни локалитети, културни и сакрални споменици, меѓу кои охридската црква „Св.Софија” и црквата „Св. Јован” во Канео, најпознатото археолошко наоѓалиште Стоби, како и повеќе цркви и локалитети, препознатливи симболи на богатото културно наследство на Северна Македонија.

Членовите на Заедницата на Хрватите во државава со претставници на претседателството имале можност да проследат проекции на 11 хрватски филмови и времето го поминувале во дружење и разгледување на реализацијата на новите проекти, а не недостигало добро расположение, Хрватска музика и песни, наспроти сите актуелни ограничувања поврзани со пандемијата на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави