Ќерката на Бијонсе се појавува во трејлер за новиот албум

Блу Ајви Картер го украде шоуто додека снимаше кус фрагмент за трејлерот кој мајка ѝ Бијонсе го сподели во средата, во најава на претстојниот визуелен албум Black Is King.

Трејлерот на филмот на „Дизни плус“ содржи краток исечок на кој осумгодишната Блу Ајви е облечена во бел фустан без рамења, со бисери околу вратот, црвен кармин… среде официјална сцена на танцување. Таа наликува на мала принцеза од бајките.

Ќерката на Бијонсе (38) и Џеј Зи (50) ја има фатено косата нагоре во висока пунџа и носи златна и бисерна круна.

Спотот почнува со гласот на Бијонсе, која вели: „Ако живеете без сеќавање многу долго, тоа може да ве натера да се запрашате дали навистина постоите.“

Бијонсе во средата сподели неколку фотографии од Black Is King за своите 150 милиони следачи на Инстаграм и напиша: Наскоро.

Треба да знаете
Последни објави