Кадриу: „Премиерот нѐ нарече криминалци“, Спасовски демантира

Откако и нареди на полицијата да се оддалечат и да ги попречуваат работите за поставување на водоводниот систем во Синичане, Боговиње, и откако полицијата не го спровела нејзиниот збор, обвинителката Лејла Кадриу телефонски искомуницирала со премиерот Оливер Спасовски, кој според Кадриу, ги нарекол жителите и обвинителката криминалци, објави ТВ21.

Премиерот Оливер Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката. За ТВ21 тој тврди дека на телефон му се јавила самата обвинителка а тој и рекол дека нема потреба да се јавува кај премиерот и дека има главен обвинител со кого треба да зборува.

Треба да знаете
Последни објави