Хрватскиот музичар Рајко Дујмиќ (65) се здобил со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа кога слетал од патот и испаднал од автомобил, потврди полицијата од Риека.
Според најновите информации, Дујмиќ е во болницата во Сушак, во одделот за интензивна нега и тој е во стабилна состојба, јавуваат хрватските медиуми.
Неговата сопруга го видела Дујмиќ во болницата, тој имал сериозни повреди на главата, тоа е сè што знам, изјави извор за хрватските медиуми.
Несреќата се случила вчера попладне во Равна Гора.
Рајко Дујмиќ во јавноста е познат како лидер на популарната поп група „Нови фосили“, за која напиша многу познати хитови.