ЦИВИЛ апелира за придржување кон мерките за заштита од коронавирусто за време на верскиот празник Курбан Бајрам

ЦИВИЛ апелира до сите граѓани кои ќе го слават Курбан Бајрам, максимално да се придржуваат кон мерките за заштита од коронавирусот, односно да се избегнуваат блиски контакти (ракување и гушкање) и да се редуцираат посетите во домовите, кои се традиција за празникот.

– Бајрам значи и радост, па затоа апелираме до сите граѓанки и граѓани радоста да не ја претворат во тага, односно сите заедно да придонесат кон спречување на ширењето на коронавирусот, истакнаа од ЦИВИЛ.

Од Центарот нагласија дека верниците кои ќе одлучат да одат да се молат во џамиите, треба строго да се придржуваат до препораките, односно да си понесат простирка за молитва, да држат дистанца, да не се поздравуваат со ракување.

– Сите кои ќе принесат жртва, остатокот од животните (кожа или органи) да ги однесат во соодветни места кои нема да ја загадуваат животната средина, односно, по можност, да се воздржат од жртвување животни, туку подароците да ги заменат со пари или добра, апелираа од Цивил.

Треба да знаете
Последни објави