Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека членка на асоцијацијата, компанијата „Mozzart“ донираше 500 килограми овошје на здравствените работници од Институтот за белодробни заболувања во Козле, како дел од хуманитарната акција за обезбедување и испорака на свежо овошје за медицинскиот персонал во инфективните одделенија ширум земјата.
„Оваа хуманитарна акција на членка на Асоцијатата на спортски обложувалници на Македонија, е само уште една потврда на општествената одговорност која ја има АСОМ и нејзините членки кон заедницата. И во мигови кога имаме редовно работење и во мигови кога сите се соочуваме со кризата со Ковид-19, тука сме ние, како Асоцијација и нашите членки да ја дадеме целосната поддршка на здравствениот систем, но и на пошироката заедница и граѓаните, онаму каде што е потребно. “ – изјави Васко Илијевски, Претседател на АСОМ кој присуствуваше на предавањето на донацијата.
Досега во оваа хуманитарна акција на „Mozzart “ донирани се повеќе од 2 тони свежо овошје како директна поддршка за здравствените работници кои неуморно работат изминатите речиси шест месеци во третирање, лекување и поддршка на пациенти со Ковид-19 и истата продолжува и во наредниот период. Кон тоа, оваа компанија, досега донираше повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а реализираа и многу други хуманитарни акции.
„Компанијата Mozzart од појавата на вирусот во нашата држава организира општествено одговорни акции, помагајќи го здравствениот систем со донации, а сега дел од пакетот помош за борба против ковид го насочивме директно кон нашите херои – здравствените работници. Оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот. Досега дониравме повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата наменета за болниците, а реализиравме и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.
Уште на почетокот на епидемијата со Ковид -19, болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата- Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од Ковид-19, а од средината на јуни болницата хоспитализира и возрасни пациенти со Ковид-19.
„Ваков гест во овие моменти навистина многу ни значи, особено затоа што гледаме дека нашите напори се ценат, а тие се навистина многу големи. Пакетите свежо овошје сигурно добро ќе ни дојдат после напорниот ден. Голема благодарност до компанијата Mozzart, со која и претходно имавме соработка и реализираше донација во нашата установа.“ – изјавија од Институтот по белодробни заболувања Козле.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на АСОМ се: Моцарт, Спор Лајф, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Меридиан.