(Видео) Тепачка во центарот на Сплит настрадале двајца Британци

Двајца државјани на Велика Британија се повредени во тепчка која во четвртокот доцна вечерта се случила во центарот на Сплит. Во физичката пресметка учествувале повеќе лица, пренесуваат хрватските медиуми.

Според медиумите еден од пшовредените Британци добил удар во главата и констатирана му е тешка телесна повреда, а другиот има исекотини и е полесно повреден. Двајцата Британци се згрижени во болница.

До тепачката дошло во Миличева улица, во центарот на Сплит. Местото на настанот од страна на полицијата веднаш по тепачката било обиколено со полициски ленти, а граѓаните од околните објекти негодуваале на ваквиот потег, бидејќи не им бил дозволен пристап до нивните домови. За време на увидот ниту туристите неможеле да се движат во овој дел иако имале изнајмено апартмани, бидејќи полицијата трагала по материјални докази за расветлување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави