Во судир помеѓу брз воз и машина за одржување железнички пруги во Португалија, загинаа две лица и повредени се најмалку 35, изјави шефот на националната служба за спасување. Седуммина од повредените се во критична состојба.
Портпаролот на службата изјави дека два хеликоптера и 163 спасувачи, вклучително и пожарникари, се на местото на инцидентот.
Во најбрзиот португалски воз „Алфа пендулар” имало 240 патници.